Centar.mk
СВЕТ

Трамп објави снимка од нападот врз Харг

Американскиот претседател Доналд Трамп објави снимка од синоќешните американски воздушни напади врз ирански воени цели на островот Харг во северниот дел на Персискиот Залив.

На видеото се гледаат удари врз воена база на островот, меѓу кои и напади врз писта на воздухопловна база, како и врз повеќе други локации.

Според достапните информации, мета биле и системи за противвоздушна одбрана, како и можни позиции на ракетни системи што ги користи Иранската револуционерна гарда.

Трамп претходно на социјалната мрежа „Трут соушал“ соопшти дека американската војска извела еден од најмоќните воздушни напади во поновата историја на Блискиот Исток.

„Пред неколку моменти Централната команда на САД изведе еден од најмоќните бомбардерски напади во историјата на Блискиот Исток и ги уништи сите воени цели на иранскиот остров Харг“, напиша Трамп./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

РУСИЈА ГИ ЗАСИЛУВА НАПАДИТЕ ПРЕД ПРЕГОВОРИТЕ – Украина пријавува прекини на струјата во пет региони

ДЕСК

СИЛНИ ДОЖДОВИ ЈА ПОПЛАВИЈА ГАЗА – Илјадници шатори оштетени, раселените семејства повторно без засолниште

ДЕСК

КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ ПРОГЛАСИЈА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА – Повеќе од 3.300 мигранти пристигнале на мал остров

ДЕСК