Centar.mk
Слободан Трендафилов, Претседател на ССМ/ фото ССМ/ извор на фотографија https://www.ssm.org.mk/mk/pretsedatel-na-ssm
МАКЕДОНИЈА

Ние денеска се бориме за вашите плати, а што ќе правите вие?, праша Трендафилов

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, ги повика работниците да се приклучат на денешниот работнички протест во Скопје, со порака дека синдикатите се борат за повисоки плати и подобар животен стандард.

„Добро утро, ние денеска се бориме за вашите плати, што ќе правите вие?“, порача Трендафилов во пресрет на протестот.

Работничкиот протест, организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија, е закажан за денес со почеток во 12:05 часот пред Работничкиот дом во Скопје, на улицата „Мирче Ацев“ во општина Центар.

Според најавата на синдикатите, протестниот марш ќе продолжи по улиците „Филип Втори Македонски“, „11 Октомври“, „Димитрие Чуповски“, „Даме Груев“, булеварот „ВМРО“ и ќе заврши пред Владата на булеварот „Илинден“.

Планирано е учесниците да застанат и пред Собранието и пред Стопанската комора, каде синдикатите ќе ги упатат своите пораки до институциите и работодавачите.

Од ССМ велат дека протестот се организира поради долгогодишното незадоволство на работниците, бидејќи, како што наведуваат, платите не ги следат реалните трошоци за живот.

Синдикатот тврди дека нивните барања за зголемување на минималната плата и на останатите плати биле игнорирани од Владата и работодавачите, што, според нив, дополнително го зголемило револтот кај работниците./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Од шверц до естетски интервенции: под истрага мрежа што го загрозувала здравјето на граѓаните

ДЕСК

ИЗМАМА ПРЕКУ ФЕЈСБУК: Лажно нудела станови, земала пари како капар

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА СО АКЦИЈА: Марихуана одземена во Кочани и Облешево

ДЕСК