Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Драстично затоплување со температури од 25 степени, па пресврт со дожд и снег – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Во следните два дена времето ќе биде сончево и значително потопло што ќе услови нагло топење на снежната покривка на планините. Во сабота облачноста ќе се зголеми, а попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд.

Во недела врнежите ќе бидат пообилни и поради заладување на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. За време на викендот ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Прогноза за 13.03.2020
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 18°С до 25°C
Сончево и топло со слаб до умерен северен ветер.

Прогноза за 14.03.2020
Минимална температура: 3°C до 10°C
Максимална температура: 13°C до 20°C
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во ноќните часови повремено засилен северен ветер.

Прогноза за 15.03.2020
Минимална температура: 3°C до 8°C
Максимална температура: 5°C до 11°C
Облачно и свежо со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +