Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: До 2024 ќе отвориме 100.000 нови работни места

Прв столб во нашата програма за следниот мандат е економијата, велат во соопштение од СДСМ и најавуваат 100.000 нови работни места и пад на невработеноста под 8 отсто до 2024 година.

Порачуваат и дека заложбите за раст на платите во сите сектори ќе продолжат и во следниот 4-годишен мандат кој би го добиле на изборите.

„До крајот на 2024 ќе имаме минимална плата од 300 евра и просечна плата од 600 евра, покрај платите ќе растат и пензиите, и тоа за 21% . Распределено по години 6% во 2021, 7% во 2022 и 8% во 2023 година. Минималната пензија ќе порасне од 8.000 на 10.700 денари“, стои во партиското соопштение во кое се додава дека СДСМ во новиот мандат ќе покаже дека може уште подобро.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +