Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

“Свесен за поразот, Мицкоски бега од соочување со претседателот Заев во Изборната единица 4, но поразот не му бега”

– Свесен за поразот, Мицкоски бега од соочување со претседателот Заев во Изборната единица 4, но поразот не му бега, реагираат од СДСМ во соопштението кое го пренесуваме интегрално:

Извршителот Христијан Мицкоски денеска потврди дека е свесен дека на 12 април го чека убедлив пораз од граѓаните.

Затоа Мицкоски бега од соочување со претседателот Зоран Заев во Изброната единица 4.

Бадијала бега од пратеничката листа, поразот не му бега.

Граѓаните ја гледаат разликата помеѓу одговорните политики на претседателот Заев кои носат напредок, економски развој и интеграција и деструктивното делување на Мицкоски кои нуди одбрана на криминалот и обнова на режимот.

Мицкоски еден чекор назад, Заев и СДСМ три чекори напред.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за изолација и уназадување, Заев и СДСМ за интеграција и напредок. Затоа на 12 април, поразот на Мицкоски е извесен, може да беа од соочување колку сака, од поразот нема да избега.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК