4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Детектор анкета: Две третини од граѓаните бараат забрана за обложувалници во населени места

Граѓаните се против експанзија на бизнисот со игри на среќа. Најновата анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје покажува дека големо мнозинство граѓани бараат забрана за казина во населени места и ограничување на бројот на обложувалници.

77,7% во анкетата на Детектор велат дека треба да се ограничи бројот на казина и спортски обложувалници, додека 14,8% не се согласуваат со тоа.

79% од граѓаните сметаат дека треба да се забрани отворање на казина во населени места додека 14% се против.

69,5% сметаат дека треба да се забрани отворање на спортски обложувалници во населени места, додека 22,2% не се согласуваат со тоа.

48,2% се на став дека казината и обложувалниците треба целосно да се забранат, додека 39,2% не се согласуваат со тоа.

75% од анкетираните се согласуваат казината и спортските обложувалници треба да плаќаат повисок данок додека 12,3% не се согласуваат со тоа.

Интересно е што само 22,1% од граѓаните во анкетата на Детектор велат дека одат во спортски обложувалници додека две третини, или 75,9% велат дека не се обложуваат во спортски обложувалници.

Очекувано, поголем број они кои одат во обложувалниците се мажи. Па така, 34,5% од мажите велат дека се обложуваат, додека тоа велат дека го прават само 9,8% жени.

63,8% од мажите и 88% од жените велат дека не посетуваат спортски обложувалници.

Близу половина од оние кои се обложуваат или 46,7% тврдат дека трошат до 500 денари месечно. 37,7% од анкетираните велат дека во обложувалниците месечно трошат меѓу 500 и 1.000 денари. 7% велат дека трошат од 1000 до 5000 денари месечно, додека 2,9% над 5.000 денари секој месец.

Повеќе од половина од анкетираните или 52% се на ставот дека државата не треба да организира игри на среќа, а 38,1% немаат против државата да организира вакви игри.

Сепак, 76,4% од анкетираните велат дека државата не треба да набавува апарати за игри на среќа, додека само 10,4% сметаат дека државата треба да инвестира во овој бизнис.

Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје преку телефонска анкета во периодот од 10 до 13 февруари оваа година врз репрезентативен примерок од 1104 испитаници со маргина на грешка од плус-минус 3%.

Можеби ќе ве интересира

Генерален штрајк во Франција: Граѓаните револтирани поради зголемените трошоци за живот

M T

Граѓаните на Киев се нескршливи – по руските напади се собраа во метро станиците и пееја

M T

Ковачевски: Постоиме благодарение на 11-октомвриското победничко востание и АСНОМ, да бидеме и денес на вистинската страна, напредокот!

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Ковачевски: Реформски ја унапредуваме јавната администрација, за подобри услуги за граѓаните и компаниите

M T

МТСП: 8 Септември неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија

M T