23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Николовски- Хоџа: Граѓаните ги препознаваат политиките што водат напред, затоа коалицијата СДСМ-БЕСА победува на 12 април

Интегрални обраќања на генералните секретари на СДСМ и Движењето БЕСА на заедничката изјава за медиуми


Љупчо Николовски:

Повод за денешната работна средба е операционализација на нашата коалициска соработка согласно потпишаниот договор, а во фокус на програмската понуда за претстојните парламентарни избори.

Првата предизборната коалиција меѓу македонска и албанска политичка партија е логично продолжување на сите досегашни политики и заложби за напуштање на концептот на поделби по етничките кампуси за сметка на создавање цврсти темели на новата политичка платформа на СДСМ за градење „едно општество за сите“.

Заедно сме посветени на рамноправен развој во сите сфери и области, и низ целата држава без оглед на етничката, верската или каква било друга припадност.

Борбата против високата корупција, борбата против криминалот на сите нивоа на власт и обезбедување на клучни темелни реформи во судството ќе продолжи уште позасилено.

Се обврзуваме на давање еднаква можност на секој професионалец во нашата земјата и негово вклучување во сите владини механизми за создавање подобри услови за сите граѓани на земјата со цел да ја градат својата иднина овде во нашата земја.

Интеграцијата во Европската унија останува единствената опција. Нема друга алтернатива за нашата земја, затоа целиот професионален и кадровски потенцијал на двата политички субјекти го ставаме во служба на европската агенда на Северна Македонија.

Тоа е реализација на врвниот интерес на огромното мнозинство на граѓани без оглед од кои етнички заедници доаѓаат или припаѓаат.

Убедени сме дека оваа храброст, оваа визија на Движењето БЕСА ќе биде наградено од гласачите заради храброста и вербата во вистинско граѓанско обединување, нешто што за прв пат се случува во историјата.

Со заокружена програмска и кадровска понуда која ќе биде рефлексија на мултиетничкото општество, ќе промовираме модел на разбирање на различностите, на различните потреби, но и соработка врз принципите и вредностите на меѓусебната почит.

Живееме во заедничка куќа во која сите граѓани, без разлика на етничка, верска или политичка припадност се исти и за нас се важни. Со ова ставаме цврсти темели токму на таа заедничката куќа.

Со чесна и одговорна понуда победничката коалиција СДСМ-БЕСА претендира да освои најмногу мандати во 6-та изборна единица која е генерално мерило за легитимитетот пренесен од гласачите Албанци.

Но за очекување е дека оваа коалиција ќе победи во сите останати 5 изборни единици. Со тоа ќе забележи убедлива победа на изборите на 12 април, со што реформите, напредокот и интеграцијата засилено ќе продолжат, а обновата на режимот, на криминалот и изолацијата ќе бидат повторно и силно поразени.

Граѓаните ги препознаваат овие политики. Политиките особено што носат интеграција во НАТО и ЕУ, политиките што носат повеќе инвестиции, што носат повисоки плати, што отвораат нови работни места, што го отвораат пазарот пазар и во НАТО од 4 милијарди евра годишно и отвораат фондови од 2 милијарди евра што доаѓаат од ЕУ уште од оваа година.

Затоа на 12 април ќе победат граѓаните, ќе победи Коалицијата СДСМ-БЕСА, ќе победи концептот Едно општество за сите.

Арјанит Хоџа:

Задоволни сме како досега напредува соработката во коалицијата.

Со секое наше ново среќавање сме уште посигурни дека ова е победничка коалиција и ќе даде нов квалитет во односите меѓу поголемите заедници Македонците и Албанците како и другите етнички заедници во нашето општество.

И во програмска и во кадровска смисла оваа коалиција пред граѓаните излегува со понуда која е во интерес на сите граѓани.

Затоа, ја користам оваа прилика да ги повикаме сите, посебно Албанците заради БЕСА, масовно да ја поддржат нашата мултиетничка коалиција.

Нивниот глас ќе има двојна вредност на 12 април. Гласаат за победниците и ова е коалицијата на иднината. Во нашето коалиција нема големи и мали. Ние сме рамноправни партнери кои меѓусебно се почитуваат и си ги уважуваат разликите.

Ќе обезбедиме подобар живот. Албанците уште од сега знаат дека ова е владина коалиција која ќе добие чист мандат да ја спроведе својата програма.

Веќе нема неизвесност, веќе нема тајни. Нема ловење во матно. Се е чист однапред поставено и на виделина.

Никогаш порано, правата на Албанците не биле позаштитени и со поголеми гаранции и тоа секому му е јасно.

Поставуваме нови стандарди во политичкиот плурализам, го унапредуваме нивото на демократија во нашето општество.

Затоа оваа коалиција е најголема и победничка, затоа на 12 април граѓаните ќе потврдат дека ние сме на вистински пат.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

M T