Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Невреме во Македонија: Обилни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер од над 80 километри на час

За време на викендот ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни утре попладне и во текот на ноќта (над 25 л/м2). Локално, особено во јужните делови ќе има појава на нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и повремено силен ветер (над 80км/час).

Прогноза за 08.03.2020
Минимална температура: 3°C до 8°C
Максимална температура: 8°С до 16°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално во јужните делови нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На планините врнежите ќе бидат од снег.

Прогноза за 09.03.2020
Минимална температура: 3°C до 8°C
Максимална температура: 9°C до 17°C
Променливо облачно, претпладне со краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Прогноза за 10.03.2020
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 10°C до 17°C
Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северозападен ветер.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА МОЖНА БЛОКАДА НА МАГИСТРАЛЕН ПАТ – Протест во Крива Паланка од 11 часот поради неконтролираното движење на добиток

ДЕСК

ДЕЖУРНИ ЛЕКАРИ И АПТЕКИ ВО САБОТА – Каде граѓаните можат да ги проверат здравствените услуги

ДЕСК

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ДЕСК