13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

“Очајот, паниката и нервозата кај ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски растат, свесни се дека на 12 април режимот уште еднаш ќе биде поразен!”

Очајот, паниката и нервозата кај ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски растат, свесни се дека на 12 април режимот уште еднаш ќе биде поразен, реагираат од СДСМ.

– ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски а раководена од неговиот шеф Никола Груевски, денеска уште еднаш го потврди својот добро познат стил, втемелен во однесувањето и мафијашкиот речникот на партијата.

Очигледно по 11 години криминален начин на однесување и делување ВМРО-ДПМНЕ не може да излезе од режимската и криминална матрица.

Ова однесување на ВМРО-ДПМНЕ ја покажува паниката и нервозата од носењето на Законот за јавно обвинителство и од тоа што не успеаја да го одбранат криминалот на Никола Груевски.

СДСМ веќе еднаш ги повика ВМРО-ДПМНЕ се што имаат да поднесат како материјали до институциите, па низ јавни и отворени постапки да се видат и наводните докази за кои говорат во јавноста.

Но, наместо тоа ВМРО –ДПМНЕ останува само на празни зборови изнесени на бесмислени прес конференции.

Зоран Заев е прв политичар кој на човек кој јавно го величал, му испратил порака дека ако го прекршил законот – ќе одговара, што впрочем беше изнесено на судско рочиште.

Граѓаните многу добро се сеќаваат како ВМРО-ДПМНЕ постапуваше со медиумите и новинарите. Од закани за фрлање во ендеци, апсења и затворање на новинари, упади во медиуми, венци за новинари на домашни адреси, до медиумски мрак и загушени медиумски слободи.

Токму оваа власт предводена од СДСМ ја врати слободата и има ист третман кон сите медиуми.

И токму оваа власт не троши државни пари за да поткупува медиуми и новинари.

Денес, Република Северна Македонија е правна држава во која законите владеат за сите подеднакво и секој кој постапувал незаконски одговара за своите постапки. ВМРО-ДПМНЕ била и останува криминална партија, а Мицкоски и Груевски препознатливи носители на криминалот.

Затоа на 12 април граѓаните ќе ги казнат деструктивните ВМРО-ДПМНЕ и ќе порачаат режим – никогаш повеќе, велат од СДСМ.

Спонзорирано: