Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

По дождот доаѓа снег: Meteocentar со детална прогноза за следните денови

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Во ноќните часови во северните делови врнежите локално ќе преминат во снег и во некои пониски места. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец кој повремено ќе се засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.

Утре претпладне ќе биде променливо облачно со локални врнежи кои ќе бидат претежно од снег со послаб интензитет. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северозападен ветер. Потоа следува претежно стабилно и потопло време.

Прогноза за 31.01.2020
Минимална температура: -7°C до 0°C
Максимална температура: 8°С до 14°C
Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен западен ветер.

Прогноза за 01.02.2020
Минимална температура: -6°C до 2°C
Максимална температура: 10°C до 17°C
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.

Прогноза за 02.02.2020
Минимална температура: -5°C до 3°C
Максимална температура: 9°C до 16°C
Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Во западните делови ќе има услови за повремен дожд.

Можеби ќе ве интересира

ОБИД ЗА УБИСТВО ЈА ПОТРЕСЕ СТРУГА: Младо момче прободено со нож, братот соопшти дека го оперирале 9 часа

ДЕСК

УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАЗНИК: Нека е за многу години Света Петка

ДЕСК

ФАТЕН СЕРИСКИ ОГРАБУВАЧ НА ПРОДАВНИЦИ ЗА БРЗИ КРЕДИТИ: Се бара притвор

ДЕСК