Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ со 3.000 амандмани го блокира предлог-законот за отпис на камати

ВМРО-ДПМНЕ поднел 3.000 амандмани за предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој денеска требаше да се расправа на Комисијата за финансирање и буџет, а потоа и на пленарна седница.

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, рече дека станува збор за долгови што се направени во периодот кога со овие претријатија раководеле кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ како одговорна партија, која работи во интерес на граѓаните, предлага отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица. Јавните претпријатија ќе имаат обврска да ги отпишат долговите на граѓаните, а државата обезбедува мерки кои ќе гарантираат развој и ефикасно функционирање на јавните претпријатија. Овие две мерки се тесно поврзани и се во интерес на сите граѓани на нашата држава. Овие мерки ќе значат нов почеток за сите, по систематското уништување на држава во периодот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2017 година“, рече Костадинов.

Тој ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат да го штитат криминалот во нивните редови, да престанат да работат и да се однесуваат само за тесно партиски интереси и да ги повлечат илјадниците амандмани со кои сакаат да ги блокираат мерките што се во интерес на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК