Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Љупчо Николовски се огласи на фејсбук: Добро е што им дадовме техничка влада, па груевистички кадри и го освежија секавањето на режимскиот стил на владеење со ароганција, страв, притисоци, закани, уцени, насилство, снимање, тепање и многу лаги и манипулации

Фејсбук статус на Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ:

За #СДСМ добро е да им дадевме не техничка туку цела Влада со се министри и заменици во секое министерство.

За општеството добро е што за неколку дена власт ги потсетија граѓаните на тоа дека се истите и непроменети груевистички кадри и го освежија секавањето на режимскиот стил на владеење со ароганција, страв, притисоци, закани, уцени, насилство, снимање, тепање и многу лаги и манипулации.

Кадрите на ова нереформирано дпмне заборавија дека тоа време заврши.

Но, за државата е добро го продолжуваме демократскиот пат на слобода, сигурност и извесна иднина за генерациите во земја ослободена од режим, со решени проблеми, засекогаш безбедна и членка на НАТО, со трасиран пат во 🇪🇺 и со политики за грижа и помош за секој.

 

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Дожд и снег со локално над 50 l/m² – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК