7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Се огласи Цветан Трипуновски откако му беше укажано дека го прекршил законот за лични податоци

-Гледам многу нервоза и хистерија на Бихаќка! Па како и нема да има кога нивните функционери се фатени за време на работно време со нозете во вис! Дел од моите работни активности како министер е и контролата врз вработените и работните простории. Жалење за нехуманиот однос на локалните функционери кон земјоделците, добив од фармерите. И тоа што ми го кажаа и го воочив и сам, а камерата го документираше. Ниту е прекршен Законот за заштита на лични податоци, ниту е извршен мобинг! Јавен интерес е оваа снимка да биде објавена. Земјоделците ќе ги заштитам секогаш и секаде. Ниту пак мобинг е извршен бидејќи мобинг е тоа што го прави СДСМ и нивните функционери со илјадници земјоделци секојдневно го прават, ги омаловажуваат и не им даваат субвенции и по неколку години.
Трајане, јас ќе бидам со земјоделците без разлика кој што ќе каже. Јас сум заштитник на обичниот граѓанин и земјоделец и сум горд на тоа.
Бидете спремни на многу вакви контроли. Затоа што тој што не работи се жали, тој што работи ќе биде награден., вели Цветан Трипунпвски заменик дополнителен министер од Вмро Дпмне.

По реакцијата на Дирекцијата за заштита на лични податоци, во меѓувееме граѓаните бараат тој да одговара за тоа што го сторил за да не се продолжи со флагрантното кршење на законот за лични податоци.

Повеќе за скандалот кој го предизвика функционерот на следниот линк:

https://center.mk/blog/2020/01/17/skandal-vmrovskiot-zamenik-minister-tsvetan-tripunovski-im-vlegol-vo-institutsija-i-pochnal-da-gi-snima-a-so-toa-napravil-seriozno-krshene-na-zakonot-za-privatnost/

Со реакција се јави и министерот за земјоделие Трајан Димковски кој за овој скандал на заменикот рече

-Како може да се однесува човек со кривична пријава, за злоупотреба на службена положба и овластување?, праша Димковски и му порача на својот заменик:

 

-Цветане, твојот денешен упад во подрачната единица на МЗШВ, ме потсетува на едно друго време на режим, кога твојот патрон Груевски со телевизиски екипи ја снимаше, заплашуваше и казнуваше администрацијата.

Ги повикувам и охрабрувам моите колеги од МЗШВ да не му се плашат на овој насилник. Нека продолжат да си ја вршат чесно и совесно својата работа и нека издржат уште малку.

Ние ја вративме слободата и демократијата во државата и нема да дозволиме да се вратиме назад.

Зошто не ги прашаш Цветане, советниците од твојот кабинет, што прават по канцеларии додека ти се шеташ Цветане. Ти не можеш да ставиш ред во твојот кабинет, да не одиме подалеку.

Остави ги вработените без притисоци да си ја вршат својата работа во интерес на земјоделците!, вели Димковски.