Centar.mk
ЛОКАЛНО

Општина Илинден започна нов проект за доградба на СОСУ „Илинден“

Во насока на континуирано унапредување на образовната инфраструктура и создавање современи услови за настава, Општина Илинден започна со реализација на нов капитален проект за доградба на Средното општинско стручно училиште „Илинден“.

Со реализацијата на овој проект ќе се прошират постојните капацитети на училиштето, со посебен акцент на подобрување на условите за практична настава и обезбедување поквалитетна образовна средина за учениците и наставниот кадар.

„Проектот опфаќа изградба на нов дел со вкупна должина од околу 160 квадратни метри, составен од приземје и кат, во кој ќе бидат сместени современа училница, односно работилница наменета за практична настава, две канцеларии, помошна просторија и санитарни јазли. Новиот простор ќе биде поврзан со постојниот училиштен објект преку застаклен коридор, со што ќе се обезбеди функционална поврзаност и непречено движење во рамки на училиштето.“ – истакна градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, кој изврши увид во почетокот на градежните активности.

Со реализацијата на овој проект, Општина Илинден има за цел да создаде поквалитетни услови за учениците и наставниот кадар, да ги унапреди капацитетите за практична настава и да придонесе кон понатамошен развој на средното стручно образование.

foto Општина Илинден

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 луѓе денеска оставија пример што заслужува да го следи цело Скопје

ДЕСК

Герасимовски: 36 хористи од „Кочо Рацин“ наградени за триумфот во Херцег Нови, Центар пее гордо!

ДЕСК

Искористени средствата за еднократната помош за пензионерите во социјален ризик од Општина Центар

ДЕСК