Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Албанија заинтересирана за македонскиот проект МојДДВ: Лукаревска се сретна со директорката на даночната администрација на Албанија

Албанија е заинтересирана за воведување на проект сличен наа МојДДВ за поврат на данок кај граѓаните.

-Денеска со директорката на даночната администрација на Република Албанија, Делина Ибрахимај остваривме средба на којашто го пренесовме искуството за проектот #МојДДВ, објави директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

-Албанските колеги кои се заинтересирани за воведување на ваква реформа и во Албанија имаа можност одблиску да го запознаат начинот на функционирање на МојДДВ и целиот оперативен систем! МојДДВ ги докажува добрите резултати и надвор од нашата држава! – напиша Лукаревска на социјалните мрежи.

Можеби ќе ве интересира

Како војната во Иран носи милијарди долари во нафтениот и финансискиот сектор

C +

Инфлацијата во 2026 година ќе изнесува 4 отсто, според проекциите на Народната банка

C +

Војната во Иран го наполни рускиот буџет со приходи од нафта

C +