Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД преговараат со Иран, и покрај тоа што двете страни разменија оган во Ормускиот теснец минатиот четврток. Зборувајќи во Вашингтон, Трамп се пофали дека САД го „победиле“ Иран и го повтори своето претходно тврдење дека американските сили потопиле неколку ирански бродови.
Осврнувајќи се на мировните преговори, американскиот претседател потврди дека Техеран и Вашингтон сè уште преговараат, но рече дека Иран „навистина останува без енергија“. „Планот е многу едноставен. Иран не смее да има нуклеарно оружје, не смее да има нуклеарна бомба и нема да има. Тие се согласија на тоа, и ќе видиме дали се подготвени да го потпишат“, рече Трамп.
И покрај нападите во теснецот, Трамп инсистираше дека прекинот на огнот останува на сила, но се закани дека ќе удри „многу посилно“ ако Иран не го потпише договорот.
Неколку часа по изјавите на Трамп за преговори и прекин на огнот, американската војска објави дека американските разорувачи USS Truxtun, USS Rafael Peralta и USS Mason биле цел на „неиспровоцирани ирански напади“ додека минувале низ Ормускиот теснец.
Според соопштението на Централната команда на САД (CENTCOM), Иран лансирал ракети, беспилотни летала и мали бродови кон бродовите, но не биле погодени американски цели./Извор:Makfax


