Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Гошаревски ја повика заменик министерката Невенка Стаменковска да дојде во Ресен и да се увери во правилноста во работењето

По повод денешната прес конференција на дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација во техничката влада, Невенка Стаменковска Стојковски и искажаните лаги и невистини за објавениот јавен оглас на Општина Ресен, Ве известувам дека постапката беше според законските регулативи за што и имаме и позитивно мислење од министерство за информатичко општество и администрација, вели градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски.

-Имено, членот 20-б од Законот за вработените во јавниот сектор е насловен како „Постапка за донесување на планот“. Овој член се однесува и се применува за иницијално донесување на годишен план, како и за измена, за дополнување или за измена и дополнување на планот. Постапката за изменување и/или дополнување на планот е идентична во однос на фазите на постапката, роковите и правилата што се однесуваат на дадени мислења, односно согласности, како и постапката за неговото иницијално донесување. Оттука, правилото според кое недавањето на согласност во законски утврдениот рок се смета за одобрување, како за иницијалното донесување на годишниот план, важи и за планот за изменување и дополнување на веќе донесениот план, односно доколку органот надлежен за буџет на институцијата (во конкретниот случај Советот на општина Ресен) не постапил по барањето во рок идентичен за донесување на иницијалниот план (најдоцна во рок од 1 месец од приемот на предлог измената на планот), се смета дека ја дал согласноста.

Го подржуваме барањето на дополнителниот заменик министер, Невенка Стаменковска Стојковски и воедно ја повикуваме и неа заедно со државниот управен инспекторат на кој што се повикува на денешната прес конференција, да дојде во Општина Ресен и да се увери во правилноста на постапката, реагира Гошаревски.