Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Времето за викендот се менува – Детална временска прогноза

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот и во сабота по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Во недела ќе преовладува променливо облачно време, на повисоките места и планините со повремен локален снег. Во почетокот на наредната седмица се очекува стабилно време со слаб до умерен северозападен ветер.

Прогноза за 18.01.2020

Минимална температура: -6°C до 2°C
Максимална температура: 2°С до 10°C
Умерено до значително облачно, по котлините и магливо. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 19.01.2020
Минимална температура: -4°C до 3°C
Максимална температура: 2°C до 8°C
Променливо облачно, на повисоките места и планините со повремен локален снег.

Прогноза за 20.01.2020
Минимална температура: -4°C до 3°C
Максимална температура: 3°C до 9°C
Сончево со умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +