Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев објави нова мерка – по 3.000 денари месечно за сите млади во производна дејност

Премиерот Зоран Заев објави нова мерка – по 3.000 денари месечно за сите млади во производна дејност.

„Воведуваме Младински додаток, 3.000 денари месечно, за сите млади во производна дејност!

3.000 денари исплата на лична сметка на сите млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование и кои се во работен однос со социјално осигурување во производствена дејност, потоа на младите лица ангажирани кај работодавач од производствена дејност преку приватна агенција за вработување, како и на млади земјоделци со социјално осигурување.

Поттикнуваме вработување на младите лица во производство по завршување на средното образование. Оваа мерка ги задоволува и потребите на работодавачите за квалификувана работна сила.

Создаваме силна економија во која постои шанса за сите млади луѓе.“ – напиша Заев на Фејсбук.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК