11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Што носи одлуката на Министерство за здравство за централизирана набавка на биолошки лекови

Неодамна Министерство за здравство донесе одлука за централизирана набавка на биолошки лекови, почнувајќи од Клиниката за радиотерапија и онкологија, Клиничките болници во Битола, Штип и Тетово како и други болници низ државата, наместо досегашната пракса самите клиники, да ги набавуваат од условените буџети. Биолошките лекови се најмногу потребни за онколошките, хематолошки, невролошки и ревматолошките пациенти, со малигни, инфламаторни и автоимуни болести, а истите не се на позитивната листа. Станува збор за лекови кои се дел од стандардните протоколи во европските земји, т.е. иновативна терапија за рак на дојка, рак на бели дробови, метастазиран меланом, хематолошки болести, лимфоми, мултиплекс склероза, ревматоиден артритис, васкулитис и други.

Зошто ваков потег и што се очекува од централизираната набавка?

Покрај пристапот до иновативна терапијата предностите од ваквата набавка се големи, а очекувањата бројни. Тоа значи дека за првпат ќе има широка достапност на иновативна терапија според европските стандардни протоколи за третман, и тоа 40 молекули кои во моментот не се позитивната листа на лекови. Пациентите, досега, или не ја примале биолошката терапија или пак оние што можеле да си дозволат ја набавувале приватно по екстремно висока цена одејќи во странство за да ја примаат терапија. Сега, веќе нема потреба од тоа.

Овие промени значително ќе го олеснат третманот за пациентите со онколошки, хематолошки и автоимуни заболувања. Централизираната набавка ветува и дека веќе нема да има ситуации во кои поради недоволниот буџет и ограничување на средствата, на пациентите да им доцни терапијата. Сега со централизираната, двегодишна набавка на овие лекови, автоматски се зголемува и бројот на болни што ќе добиваат терапија, односно се обезбедува терапија и за тековните и за ново-дијагностицираните пациенти.

Бенефитите покрај за пациентите, се прошируваат и на финансиските фактори. Централизираната набавка овозможи оптимално искористување на средствата и со тоа се создаде заштеда, односно веќе се постигна подобра цена за набавка на поквалитетни лекови за пациентите. Бездруго, централизираната набавка овозможува редовна испорака на терапијата со тоа што досега поделениот процес, по клиники, сега е централизиран и унифициран, придонесува за целосна и поголема транспарентност, со фактот дека овој процес е отворен и може да се следи преку електронскиот систем за јавни набавки. А што се однесува до заштедата, проектираната на годишно ниво е над 5 милиона евра.

Со ваквата одлука, максимално се олеснува пристапот до лекови и се подобрува третманот на пациентите со малигни заболувања. Минатата година во Македонија се регистрирани 9.642 новозаболени лица со малигна неоплазма, од кои 72 деца.

Спонзорирано: