Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Снег во Скопје на почетокот на декември – Каква зима ја очекува Македонија?

Мека зима, предвидуваат синоптичарите, а снег во Скопје може да се очекува уште на почетокот на декември.

Засега долгорочните прогнози предвидуваат дека снег со послаб интензитет ќе падне во почетокот на декември, а поголеми услови за снег ќе има кон крајот на годината.

За нова година се очекува прилично топла ноќ, па наместо снег, граѓаните може да очекуваат дождлив ден.

Долгорочните прогнози укажуваат дека оваа зима ќе биде мека, со невообичаени и натпросечни температури.

Кон крајот на месецов веќе може да очекуваме температури под 10 степени, а во одделни места истите ќе паднат под нулата во ноќните часови.

Низ декември утрата ќе бидат судени со температури од -5 до -10 степени, додека дневните температури ќе бидат од 2-3 степени над нулата.

Слично време се прогнозира и за јануари кога Новата година ќе биде пречена со многу врнежи од дожд и температури кои ќе се движат околу 0 степени.

Овие долгорочни прогнози сепак не треба да се земаат во предвид дека се сто процентно точни, бидејќи се работи за доста долг период, но може да се исцртаат контурите на тоа каква зима не’ очекува.

Во тренд…