10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Премиерот Заев од Тетово пред 165-тата седница на Владата: Го слушаме гласот на граѓаните за да ги утврдиме нивните потреби и во тоа име да ги креираме приоритетите на нашите политики

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во изјава за медиумите пред одржувањето на редовната 165-та седница на Владата во Тетово, истакна дека организацијата на серијата од 10 седници на Владата во десет региони, има за цел да биде слушнат гласот на граѓаните за да бидат утврдени нивните потреби и во тоа име да се креираат приоритетите на политиките.

Во продолжение на ова соопштение, ви ја пренесуваме изјавата за медиумите на премиерот Заев во целост:

Владата на Република Северна Македонија вечерва во полн состав, својата редовна 165-та седница вечерва ќе ја одржи во зградата на Општина Тетово.

Ова втората, од утврдените седници што во наредниот период еднаш месечно, ќе се одржуваат во десет различни региони во државата.

Оваа иницијатива тргнува од нашата намера да бидеме колку што е можно поблиску до граѓаните и до локалната самоуправа за да ги слушнеме нивните приоритети и потреби.

На оваа седница како гости учествуваат и градоначалниците од овој регион, од општините Тетово, Гостивар, Јегуновце, Врапчиште, Боговиње, Брвеница, Теарце и Желино.

Ги поканивме градоначалниците за овие општини за да ги добиеме информациите од интерес на граѓаните од нивните заедници од прва рака, и согласно тоа да ги димензионираме нашите идни политики и одлуките за проекти кои може да се реализираат заедно со централната власт.

За таа цел, во текот на денот, на седницата ѝ претходеа повеќе теренски активности на замениците претседатели во Владата, на министрите, замениците министри и на некои од директорите на јавните претпријатија и на акционерските друштва во сопственост на Владата.

Дозволете да спомнам само неколку од повеќето од овие активности на терен: Министерката за труд и социјална политика Мил Царовска посети една мала компанија во Тетово која својата дејност ја започна благодарение на мерката самовработување преку Оперативната Програма за вработување која во буџетот оваа година изнесуваше рекордни 1,1 милијарда денари. Денеска Владата го утврди Буџетот за 2020 година каде што за оваа програма има издвоено уште повеќе средства.

Ги охрабрувам граѓаните да го следат добриот пример на малото претпријатие, пекарата „Римини“, кое започна бизнис со поддршка на оваа програма.

Министерот за здравство, Венко Филипче ја посети Општата Болница во Тетово, и го информираше раководството за претстојните набавки за нова, современа опрема која на граѓаните од градот и од регионот ќе им овозможи соодветна дијагностика и терапија.

Заменик претседателот во Владата, Бујар Османи и министерот за економија, Крешник Бектеши извршија увид во реконструкцијата на транзитната делница низ Тетово до регионалниот пат Тетово-Јажинце.

Изградбата на гасоводот на делницата Скопје-Тетово-Гостивар, во должина од 76 километри е во полн ек и целосно ќе биде изградена 2020 година. Со овој проект вреден 29 милиони евра ќе го доведеме гасот до граѓаните и компаниите во Гостивар и Тетово со што значително ќе влијае на намалување на трошоците на бизнисот и домаќинствата.

Гасот, заедно со другите мерки за намалување на загадениот воздух, како што се субвенциите за клима инверторите, програмата за субвенционирање на филтри за прочистување на штетните емисии на гасови кај малите и средни компании, и повеќе други, е нашиот придонес за решавање на ова прашање.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски беше во посета на локацијата и направи увид во градежни работи на системот за наводнување Реван-Речица, како проект од витално значење за зголемување на наводнуваните земјоделски површини во полошкиот регион.

Вчера министерот за економија, Бектеши и директорот на Електрани на Северна Македонија ја разгледаа физибилити студијата за Попова Шапка и наскоро ќе се креираат најисплатливите и најодржливите решенија за создавање современ скијачки центар кој ќе влијае на развојот на Општина Тетово на Полошкиот регион и на целата држава.

Спонзорирано: