10. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Експеримент на „Мајкрософт“ во Јапонија – со четиридневна работна недела продуктивноста скокнала за 40 отсто

„Мајкрософт“ воведе пробна работа од само четири дена во неделата во Јапонија и резултатите беа неверојатно – продуктивноста скокнала за дури 40 проценти. Сè поголем број помали компании усвојуваат четиридневна работна недела. Но, резултатите од неодамнешната проба на „Мајкрософт“ посочуваат дека ваквата пракса можат да ја воведат и големите компании.

Компанијата воведе програма ова лето во Јапонија наречена „Предизвик за животниот век на работа“, одлучувајќи да ги затвори своите канцеларии секој петок во август и да им даде на сите вработени дополнителен ден за одмор секоја недела.

Резултатите беа изненадувајќи – додека времето поминато на работа се намали драматично, продуктивноста – мерена со продажба по вработен – пораснала за речиси 40% во однос на истиот период претходната година, соопшти компанијата.

Покрај намалувањето на работното време, менаџерите го повикаа персоналот да го намали времето што го минуваат по состаноци и во одговарање на електронската пошта. Тие посочија дека состаноците не треба да траат повеќе од 30 минути. Вработените исто така биле охрабрени да ги намалат состаноците со користење апликација за онлајн пораки.

Повеќе од 90% од 2.280 вработени во „Мајкрософт“ во Јапонија подоцна изјавиле дека ги почувствувале ефектите од новите мерки.

Можеби ќе ве интересира

УЈП продаде запленет стан во Охрид, деловен простор во Струмица, земјиште во Прилеп – вкупно инкасирале 314.230 евра

ДЕСК

Кина речиси ги престигна САД, станува главен трговски партнер на Германија

C +

Инфлацијата ја изеде платата на македонскиот работник – Како преживуваат граѓаните со минималец?

ДЕСК