10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Дојранлиева кон екс министерот за финансии во владата на Груевски: Обештетете ги граѓаните за вашите 11 години јавашлук и негрижа за нивниот живот

Поранешниот министер за финансии во владата на Груевски бара да се укине мерката МојДДВ и парите да се употребат за обештетување на лицата опфатени со прогресивниот данок, кој сега се става 36 месеци во мирување.
Што? И ти ли спаѓаш вп групата со приходи за прогресивно одданочување? Законот беше наменет за вас кои имате приходи повеќе од просечниот граѓанин.
Јас ја одобрувам мерката МојДДВ. Ако сакате да обештетувате граѓани за погрешни проекти на владата почнете од Вашите проекти, на ДПМНЕ: почнете од СК 2014,, само што нема кому да му продадете толку споменици и гипс картони. Продадете ја зградата од седиштето на ДПМНЕ и обештетете ги граѓаните за вашите 11 години јавашлук и негрижа за нивниот живот. Обештетете ја смртта на малата Тамара, обештедете го семејството за загубата на Мартин Нешковски, обештете ги сите упропастени семејства кои останаа без работа од вашите лоши политики и политички каприци. Е, тогаш, кога ќе се раздолжите за вашите гревови од лекомислени, или смислени крадачки полит-економии, тогаш можете да зборите за Мој ДДВ. Јас мојот повраток на ДДВ не го давам за профитабилните персони кои државата даночно ги оптерети со поголема стапка. Ти твојот ДДВ не го сакаш. Бујрум подари го на некоја хуманитарна институција.

Фб статус на Јованка Дојранлиева

Спонзорирано: