Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Без струја делови на Кисела Вода, Гази Баба и Аеродром

Од „ЕВН Македонија“ известуваат дека се планирани технички зафати во електросистемот во Град Скопје и без електрична енергија ќе останат делови на Кисела Вода, Гази Баба и Аеродром.

Без струја во периодот од 9 до 11 часот ќе бидат корисниците од ул. Сава Ковачевиќ 14 бр.135 (општина Кисела Вода), од 12 до 15 часот корисниците од дел од ул. Саса бр. 4, 8 и 10 (општина Кисела Вода), од 8:30 до 12 часот корисниците од ул. Коце Металец кула бр. 2 и кула бр. 4 (општина Гази Баба) и од 8:30 до 16 часот корисниците од ул Тодор Чангов, делот од главната улица по ресторан ЕДЕРА (општина Aеродром).