Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Тепачка во Градската болница во Скопје, приведен маж кој го нападнал обезбедувањето и полицијата

Поголема група луѓе ноќеска нападнала вработени во старата Градска болница во Скопје, а се пресметале и со полицијата која била повикана за помош. Во болницата бил донесен пациент со исеченица на раката, а веднаш по него во болницата упаднала групата која напаѓала сè пред себе.

Инцидентот се случил по полноќ, околу 2-3 часот. Болницата била затворена за пациенти за да не се случи уште некој инцидент.

Како што информира МВР, во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје полициски службеници го привеле С.М.(31) од Скопје поради тоа што во 2:45 часот физички нападнал вработен како обезбедување во болницата и двајца полициски службеници кои извршувале службени дејствија и интервенирале по пријава за физичкиот напад врз вработениот.

С.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Исто така, ќе биде поднесена пријава по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир за уште две лица кои биле со С.М., информираат од полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +