23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Бојан Маричиќ жестоко кон Димовски: Во нашите разговори нема ништо спорно, туку во вашите каде што се нарачува притвор, апсења и малтретирање на луѓе

Лажна тема е дека се загрозени интересите на државите, бидејќи ниту една држава не е влезена во конфликт, ниту една држава не е навредена од премиерот Зоран Заев, напротив тој се изјаснува како нашата земја Република Северна Македонија гледа на еден крупен регионален проблем за што од нас е побарано мислење и од Меркел и од Макрон и од американската администрација, претседателот Трамп и од сите останати. Нашиот став што бил соопштен во тој телефонски разговор е истиот кој што бил соопштен и јавно и исто како што и било кажано на канцеларката Меркел, порача посебен советник за евроатлански интеграции во кабинетот на Зоран Заев, Бојан Маричиќ во вечерашното гостување на ТВ 24.

На ова му реплицираше Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ, кој праша: Дали некогаш сте јавно сте кажале дека Турција сака да го анексира Кипар, на што доби жесток одговор од Бојан Маричиќ

– Во овој разговор нема ништо спорно, туку има спорно во вашите разговори каде што нарачувате притвор за одредени лица, има спорно каде што се нарачуваат апсења и малтретирања на луѓе, тоа е разликата меѓу нашите и вашите разговори.