11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Валона/фото:Pixabay
ЛЕТНА ШЕМАВО ФОКУСОТБИЗНИСИЗБОР

„Бадијала“ цени на плажите во Албанија: Еве колку чини кафе, вода, овошје…

Вистинско „џабе“. Вака туристите кои оваа година се вратија од летувалиштата во соседна Албанија ги опишуваат цените кои ги нуди нашиот западен сосед.

Кога сме кај цените, Албанија дефинитивно нема конкуренција.

Кафе кај западниот сосед чини околу 60 леки или 25 денари, а исто толку ќе треба да платите и за шишенце вода. Иста цена се и освежителните пијалоци. Доколку сакате да појадувате во хотел, цените на појадоците се движат меѓу 300 и 500 леки или од 130 до 220 денари по човек.

Килограм овошје, во зависност од тоа што сакате да купите чини меѓу 45 и 90 денари. Една топка сладолед во летувалиштата во Албанија се продава за околу 20 денари.

Сместувањето, во зависност од тоа за кое место ќе се решите и каков хотел ќе изберете се движи од 20 евра дневно за изнајмување на апартман од средната класа па нагоре.

Спонзорирано: