Министерството за економија и труд ќе интервенира доколку инспекциските проверки покажат неоправдан раст на трговските маржи во периодот пред новогодишните и божиќните празници. Министерот Бесар Дурмиши денеска посочи дека надлежните институции го следат движењето на цените низ целиот синџир на снабдување.
Според министерот, значителната зависност од увозот влијае врз цените на домашниот пазар, но државата има механизми за контрола на профитните маржи на дистрибутерите и трговците. Доколку се утврдат неправилности, ќе се постапува во рамките на законските надлежности.
Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, информираше дека досегашните анализи покажуваат релативна стабилност на маржите во споредба со истиот период минатата година. Инспекциските контроли продолжуваат.


