3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Како да направите босански сомун – рецепт

Сомуните имаат повеќе називи. Било да ги нарекувате лепињи, сомуни, погачи – сите знаете на што мислите.

Како се прави оригинален босански сомун.

СОСТОЈКИ:

– 1 килограм брашно, 10 гр квасец, 1 супена лажица шеќер, 1 мала лажица сол, 700 мл студена вода

Во еден сад ставете сол, шеќер, квасец и малку вода и оставете смесата да нарасне. Претресете го тоа во садот со брашно и студена вода, па измешајте. Оставете го тестото да отстои еден час.

Од тестото направете седум или осум топчиња. Секое развлечете го од 20 до 30 сантиметри, а доколку тестото се лепи за прсти, ставете малку брашно. Земете некоја дрвена или метална шипка со која ќе го „прошарате“ тестото, односно ќе го притиската додека направите мрежа.

Рерната добро загрејте ја, па потоа ставете ги сомуните да се печат.

Сараевските сомини дефинитивно се единствени по својот вкус и изглед. Можете да ги јадете со сите јадења.

Спонзорирано: