Уставниот суд денеска треба да го разгледува предметот што се однесува на оспорени одредби од Законот за културата и Колективниот договор за култура. Од Судот потврдија дека предметот е вклучен во дневниот ред и се наоѓа во фаза на гласање.
Во пресрет на седницата, Синдикатот на културата најави протестен собир пред Уставниот суд со почеток во 10 часот.
Од Судот претходно соопштија дека нема однапред да ги коментираат правните аргументи или можниот исход од постапката. Одлуката ќе биде позната по завршувањето на соодветната судска процедура.


