12. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Комисија за заштита од дискриминација: Задолжителната вакцинација не е дискриминација по ниту еден основ

Комисијата смета дека барањето потврда дека едно дете е вакцинирано со МРП-вакцина при запишување во градинка и во училиште не претставува дискриминација врз ниту еден основ, вклучително уверување, здравствена состојба како и религија и верско уверување, а во однос на децата кои се вакцинирани со МРП-вакцина.

Комисијата смета дека не постои дискриминација бидејќи мерката има легитимна, објективно оправдана цел, согласно член 5 точка 8 од Законот за спречување и заштита од дискриминација.

„Мерката не е спротивна на Уставот и на одредбите на меѓународните договори. Мерката соодветствува со реалните потреби бидејќи е прогласена епидемија и е загрозен животот и здравјето на детето, животот и здравјето на другите деца кои се во контакт со детето во училиште или градинка, како и во функција на јавното здравје. Мерката е однапред прецизно дефинирана бидејќи е донесена според претходно предвидена процедура и од соодветни органи и сите родители и старатели се информирани на ефикасен начин и мерката е пропорционална на ефектите што треба да се постигнат“, се вели во општото мислење на Комисијата кое е донесено по примени претставки од граѓани, како и јавно искажани ставови во медиумите во врска со постоење на наводна дискриминација кон децата кои не се вакцинирани со МРП-вакцината од страна на градинките и училиштата.

Заклучокот на Комисијата е дека не постои дискриминација од страна на органите на управата и градинките со мерката за забрана на запишување и прием на деца кои не се вакцинирани и задолжителна вакцинација на децата од училишна возраст.

Во општото мислење Комисијата ја зема превид обврската на државата како земја членка на Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права со којшто документ преку ченот 12 се обврзува на имунизација на своите граѓани. Исто така, Републиката се има обврзано да го почитува и членот 15 од овој пакт којшто им овозможува на граѓаните да ја уживаат користа од научните достигнувања и развојот коишто меѓу останатото ги вклучуваат и вакцините кои придонесуваат за превенција од заразни заболувања. Комисијата ја зема предвид и обврската Републиката да го гарантира правото на живот на секој човек, гарантирано со Уставот и со членот 2 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, како и правото на живот на секое дете гарантирано со членот 6 од Конвенцијата за правото на детето.

„Комисијата го почитува правото на родителите и на старателите во немешањето во нивниот приватен и семеен живот кое, меѓу другото, подразбира и одлучување за преземање активности кои се во интерес на нивните деца. Но, ова право е ограничено и со членот 8 став 2 од ЕКЧП меѓу другото и со заштитата на здравјето. Вакво ограничување постои и во членот 9 став 2 од Конвенцијата, а кое се однесува на ограничување на слободата на мисла, совест и вера. Комисијата во општото мислење се раководеше и од едно од главните начела на Конвенцијата за правата на детето – преземање мерки од страна на јавните власти во најдобар интерес на детето“, се вели во мислењето на Комисијата.

Можеби ќе ве интересира

Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведено едно лице

ДЕСК

Битиќи: Најмногу се поскапени земјоделските производи – директен удар врз стандардот на граѓаните

ДЕСК

Алиу: Реновирана Клиниката за урологија, воведени две нови хируршки методи, во фаза на реновирање е Центарот за трансплантација

ДЕСК