17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото mfa.gov.mk
МАКЕДОНИЈА

Димитров на конференцијата „Ленарт Мери“ во Талин

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во периодот од 17 до 19 мај, ќе учествува на годинешната конференција „Ленарт Мери“, која се одржува во Талин, Естонија. На вториот ден од конференцијата, Димитров како главен говорник ќе се обрати на панел-дискусијата „Дали малите ќе истраат? Балканот во струите на стратешките интереси“. Конференцијата оваа година го носи насловот „Едно минато, многу иднини“, а ќе биде фокусирана на развојот на надворешната политика и безбедноста, како и на изборите што тие ги нудат.

За време на работната посета на Талин, министерот Димитров ќе се сретне со премиерот на Естонија, Јури Ратас, и со претставникот на МНР на Естонија, Урмас Реинсалу, покрај другите билатерални средби со повеќе министри и високи претставници на маргините на конференцијата.