12. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шест повредени во Скопје

Шест лица се здобиле со лесни телесни повреди во три од вкупно 11 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во осум сообраќајки е причинета материјална штета.

Според податоците на СВР Скопје, од сообраќај биле исклучени 30 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената и девет нерегистрирани возила.

Санкционирани се и двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол, 18 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и еден почетник.

За непрописно паркирање биле казнети 72 возачи, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 60 возила.

Казнети се и осум пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин, четири возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица за неправилно престројување, двајца за неправилно престигнување, тројца за неносење сигурносен појас и девет за користење мобилен телефон при возење.

Можеби ќе ве интересира

Македонија под сач, пеколните температури продолжуваат: Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

ЦИВИЛ објави проширување на мандатот на својата клучна мониторинг-единица за откривање, следење и справување со хибридните закани

ДЕСК

ДКСК потсети на забраните за вработувања и за трошењето буџетски пари пред локалните избори

ДЕСК