20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ќе престане да тече ли пратеничката плата на контото на Груевски?

Поминаа шест месеци откако Никола Груевски побегна од земјава и доби азил во Република Унгарија, а со тоа и не се појавува на своето работно место.

Дали Никола Груевски ќе продолжи да добива плата на своето банкарско конто и покрај тоа што не доаѓа на работа ќе одлучат пратениците.

Следната недела се очекува да биде одлучувано по ова прашање на една од седниците на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Прв човек на таа комисија е пратеникот Павле Богоевски кој најавува дека ќе ја свика седницата откако ќе се соберат сите податоци за изостаноците на пратеникот. Доколку комисијата одлучи на Груевски да му престане работниот однос, следни ќе треба да гласаат пратениците.

За сето ова се потребни 80 гласови.

Спонзорирано: