ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш не го осуди чинот на предизвикување пожари и продолжува со старата пракса.
Наместо осуда, ВМРО-ДПМНЕ побрза да шири неоснована паника и очајнички да се обидува да добие ситен политички поен, додека институциите со сите капацитети делуваат против пожарите.
Наместо да се воздржи од ширење неснована паника, ВМРО-ДПМНЕ дрско лаже дека институциите не дејствуваат.
Граѓаните да не потпаѓаат на манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ, пожарите се ставаат под контрола.
Како што јавно објавија надлежните институции, најголем дел од пожарите низ државата се ставени под контрола. За предизвикани пожари, досега во 2019 година Министерството за внатрешни пожари поднело 8 кривични пријави за сторени 8 кривични„предизвикување на општа опасност“ против 8 сторители.
– Државниот инспекторат за земјоделство и државниот инспекторат за шумарство и ловство вршат постојани контроли на терен со цел превенција од пожари предизвикани од палење на стрништа.
Воведена е забрана за движење во шума и шумско земјиште од 00:00 до 24:00 часот, којашто започна да важи од 29.03.2019 година и ќе трае се до нејзино отповикување.
Владата предводена од СДСМ, надлежните инситуции на на национално и локално ниво ја следат ситуацијата, ги следат сите локации низ државата за да се превенира натамошно подметнување на пожарите.
Истовремено, како партија го осудуваме чинот на свесно подметнување пожари. Граѓаните да се воздржат од палење оган на отворени површини, предизвикувањето на пожари и општа опасност е казниво со закон, реагираат од СДСМ.