ВМРО-ДПМНЕ призна дека Христијан Мицкоски еден ден пред почетокот на предизборната кампања бил на “транзитно” патување преку Будимпешта, велат од СДСМ.
– Доколку се вратил Мицкоски од “транзитното” патување преку Будимпешта треба да одговори дали се сретнал со неговиот ментор, осудениот криминалец и бегалец од правдата Никола Груевски?
Бонус видео:
Дали непосредно пред почетокот на предизборната кампања, Мицкоски од Груевски барал совети за нивната кандидатка Гордана Силјановска?, велат од СДСМ.
Доби ли Мицкоски нови насоки од Груевски за деструктивно делување? – прашаа социјалдемократите.


