18. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Македонија оди на избори, но со каков изборен модел?

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ велат дека нема време за промена на изборниот модел, па така власта нема да успее да обезбеди комплетна поддршка при евентуална промена на изборниот законик, што пак по правило треба да биде прифатен од најголемите политички чинители во општеството.

Дали ќе се промени изборниот модел за предвремените избори што доаѓаат во април, засега останува енигма, но јасно е дека и покрај тоа што земјата излезе од политичката криза, а авторитарниот режим беше срушен и натаму ќе функционира Пржинскиот модел со сто дена техничка влада пред избори.

Интересно е што владејачката СДСМ излезе со поддршка за изборен модел по принципот на една изборна единица, што е доста прифатлив за малите партии кои би добиле поголема шанса да освојат пратеник и да влезат со свој претставник во парламентот.

Премиерот Зоран Заев пак по лидерската средба која што се оддржа кај претседателот Стево Пендаровски, соопшти дека сигурно ќе се вметнат сите препораки на ОБСЕ и ОДИХР.

За ДУИ, исто како и за ВМРО ДПМНЕ промена на изборниот модел е недозволиво во изборна година, па тоа прашање најверојатно ќе биде турнато под тепих до некоја наредна прилика.

Можеби ќе ве интересира

Џаферовска: По тргедијата во Велес СДСМ бара оставка од Панче и разрешување на цело СВР Велес

C +

Шукова: Со Зона 30 ќе го запреме дивеењето по скопските улици

C +

Манасков: Нема учебници, СДСМ бара оставка од Јаневска!

C +