Повеќе пријави за физички напади во Скопје, полицијата постапува по неколку случаи.
Во текот на 07 и 08 декември 2025 година, во СВР Скопје биле пријавени повеќе случаи на физички напади на различни локации низ главниот град и скопско, за кои полицијата презема мерки за целосно расчистување.
На 08 декември 2025 година во 02:22 часот во СВР Скопје, 20-годишен жител на Скопје пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од 46-годишен скопјанец. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Исто така, на 08 декември 2025 година во 02:20 часот, 61-годишна жена од скопско пријавила дека на 07 декември 2025 година околу 17:30 часот, во семејниот дом, била физички нападната од нејзиниот син, кој употребил и тврд предмет. Надлежните служби преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07 декември 2025 година во 20:00 часот во СВР Скопје, 33-годишен жител на селото Арачиново пријавил дека пред угостителски објект на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од едно лице и уште едно непознато лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Истиот ден, во 21:50 часот, на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 26-годишен скопјанец, постапувајќи по претходна пријава од неговата 32-годишна партнерка, која пријавила дека околу 15:00 часот бил физички нападната од него. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08 декември 2025 година во 04:00 часот во СВР Скопје, 34-годишен жител на селото Сарај, скопско, пријавил дека околу 03:30 часот во селото Сарај бил нападнат со тврд предмет од жител на селото Љубин, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Дополнително, на 07 декември 2025 година во 14:05 часот во СВР Скопје, 66-годишен жител на Скопје пријавил дека околу 01:00 часот во казино на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од едно лице. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Истиот ден, во 14:00 часот, во СВР Скопје, 43-годишен скопјанец пријавил дека околу 07:00 часот на подрачјето на Карпош, по претходна расправија бил физички нападнат од едно лице. И по овој случај се преземаат соодветни мерки.


