Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Прво го удрила со возилото, а потоа излегла и се заканувала со остар предмет и го нападнала повредениот- Детали за инцидентот пред угостителски објект во беровско

На 08 декември 2025 година во 00:40 часот во ОВР Берово било пријавено дека пред угостителски објект во селото Будинарци, беровско, 52-годишна жена од селото Возарци, кавадаречко, со патничко возило марка „хјундаи“ со штипски регистарски ознаки удрила во едно лице.

Пешакот, 38-годишен маж од селото Митрашинци, беровско, во моментот бил во друштво со 24-годишен жител на истото село. По ударот, жената излегла од возилото и со остар предмет се упатила кон помладиот маж, по што физички го нападнала постариот маж.

По инцидентот, таа го напуштила местото на настанот со уште едно лице кое се наоѓало во возилото.

Надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

ВИКЕНДОТ НОСИ УТРА ПОД НУЛАТА – Стабилно време до недела, потоа услови за дожд

ДЕСК

Објавувал видеа од серија на фејсбук – Ако се докаже вина ќе плаќа голема отштета за пиратерија

ДЕСК

ДЕСЕТ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА – Меѓу нив и двајца малолетници без положен испит

ДЕСК