Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Полицијата открила фалсификат на граница – возачот мислел дека ќе помине незабележано!

На 02.12.2025, на Граничниот премин Блато, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 30-годишен државјанин на Турција.

При гранична контрола било утврдено дека тој допатувал со патничко возило Volkswagen Golf со црногорски национални ознаки и на увид приложил фалсификувана турска возачка дозвола.

Настанот е пријавен кај надлежен јавен обвинител, а лицето е предадено на полициски службеници од ОВР Дебар за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

error: Соддржината е заштитена.