Centar.mk
СВЕТ

Германија му одговори на Трамп: Оваа војна нема никаква врска со НАТО

Американската војна против Иран нема никаква врска со НАТО. Владата предупреди дека проширувањето на борбените операции би носело големи ризици за партнерите на Блискиот Исток и Заливот, изјави портпаролот на германската влада, Стефан Корнелиус.

„Тоа не е војна на НАТО. НАТО е одбранбен сојуз“, изјави Корнелиус пред новинарите во Берлин.

„Германската влада, исто така, мора јасно да ја процени ситуацијата на територијата на Алијансата и сопствената позиција за учество во оваа војна“, додаде тој.

Тој нагласи дека ескалацијата на конфликтот би ги загрозила регионалните партнери.

„Проширувањето на борбените операции би носело големи ризици за другите партнери на Блискиот Исток и Заливот“, рече тој.

Германската влада постојано изјавува дека нема да учествува во американска војна против Иран./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Ајкула уби 38-годишен маж од Австралија, сопругата: Тој живееше и дишеше за океанот

C +

Маѓар до унгарскиот претседател: „Мораш да си заминеш, и ќе си заминеш“

C +

Германија предупредува за последиците од војната во Иран и блокадата на Ормускиот теснец

C +