Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Мир пред дождовната офанзива: Од вторник небото го менува расположението, детална прогноза за наредната седмица

Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Од вторник до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток, а на повисоките планини ќе има услови за врнежи од снег. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а во деновите потоа од северен правец.

Прогноза за 25.11.2025
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 10°C до 17°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 26.11.2025
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 10°C до 16°C

Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 27.11.2025
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 8°C до 13°C

Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. На повисоките планини во северозападните делови врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

error: Соддржината е заштитена.