Centar.mk
СВЕТ

Во Иран масовен погреб, Рубио тврди дека САД не би гаѓале намерно училиште

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека американските сили не би гаѓале намерно училиште, откако иранските државни медиуми објавија дека повеќе од 160 лица загинале во напад врз основно училиште за девојчиња во градот Минаб, на југот на Иран.

Според иранските наводи, нападот се случил во саботата и претставува најсмртоносен инцидент од почетокот на војната меѓу САД, Израел и Иран.

„Јасно е дека САД не би гаѓале намерно училиште. Нашите цели се проектили, нивното производство и лансирање, како и дронови за еднократни напади“, изјави Рубио, додавајќи дека САД немаат интерес ниту мотив да напаѓаат цивилна инфраструктура.

На прашање како би реагирал доколку се потврдат иранските тврдења, Рубио рече дека тоа би било многу трагично, но дека нема детали за настанот.

Заменик-генералната секретарка на ОН за мир, Розмари ДиКарло, изјави дека е запознаена со извештаите од Иран и дека американските власти ги проверуваат наводите. Израелскиот амбасадор при ОН, Дени Данон, рече дека видел различни извештаи, вклучително и такви според кои училиштето можеби било гаѓано од Корпусот на исламската револуционерна гарда.

Во меѓувереме, Иран одржа масовен погреб за 165 ученички и членови на персоналот убиени во саботата во она што Техеран го нарекува американско-израелски напад врз женско училиште во јужниот град Минаб./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Германија му одговори на Трамп: Оваа војна нема никаква врска со НАТО

C +

Израел тврди дека го уништил авионот на убиениот ирански лидер Али Хамнеи

C +

Израел го разгледува францускиот план за мир со Либан

C +