Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на македонските државјани од погодените подрачја, вклучително и од Обединетите Арапски Емирати.

Во моментов се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, со користење комерцијални летови и, по потреба, владиниот авион. За Обединетите Арапски Емирати и Катар се разгледува можноста за ангажирање комерцијален или чартер-лет, во зависност од безбедносните и логистичките услови.

Во изминатиот период, преку дипломатско-конзуларните претставништва беше асистирано при безбедното извлекување на едно лице од Иран – фудбалер, кој преку Турција се врати во Република Северна Македонија. Дополнително, шест македонски државјани од Израел веќе имаат обезбедено авионски билети од Египет кон Скопје, при што Министерството активно асистираше во нивната координација и заминување.

Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Министерството, во директна комуникација со пријателски земји и партнери, како и преку дипломатско-конзуларните претставништва, ги презема сите неопходни активности за нивно безбедно и навремено враќање во државата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПРЕД ДА ОДИТЕ ПО ПАСОШ ИЛИ ЛИЧНА КАРТА: МВР објави што не треба да носите

ДЕСК

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол

ДЕСК

Македонија за три месеци изгуби мал град: Алармот за населението одамна е вклучен

ДЕСК