На 20 ноември 2025 година, околу 23:15 часот, во СВР Скопје била пријавена повреда на 46-годишна жена од Скопје, која претходно вечерта била донесена во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Според пријавата, жената се повредила околу 22:00 часот за време на концерт во Културно-информативниот центар во Скопје, кога врз неа паднала решетка од вентилационен систем од таванот.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на околностите на настанот.


