На 17.11.2025 во 14:00 часот во СВР Скопје, 25-годишна жена од скопско село пријавила дека била измамена за околу 5000 евра од 29-годишно лице.
Според пријавеното, во периодот од декември 2023 до декември 2024 година, во повеќе наврати му ја исплатила сумата за да ѝ бидат извадени македонски лични документи и државјанство за неа и нејзините сестри.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


