25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Спасовски: Позитивните резултати во борбата со криминалот и корупцијата ја вратија довербата во полицијата

Во рамки на дводневната конференција организирана од страна на Владата на Република Северна Македонија, „Година на нови можности“ се оддржа и панел сесијата „Надворешна, безбедносна и одбранбена политика, предизвици и можности за обезбедување меѓународна соработка и сигурност“, на која учество земаа министрите за надворешни работи, за одбрана и за внатрешни работи, Бујар Османи, Славјанка Петровска и Оливер Спасовски, како и деканот на Факултетот за безбедност – Скопје, проф.д-р Никола Дујовски и претседателот на Евро-Атланскиот совет Исмет Рамадани.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на прашањето како МВР од аспект на внатрешната безбедност се справува со организираниот криминал, шверцот со дрога и корупцијата, како и проблемот со мигрантите, како безбедносни предизвици кои не препознаваат држави и граници посочи дека 2022 за МВР беше успешна година со 2,4 тони запленета дрога, со околу 20 тони прекурсори.

Министерот Спасовски потенцираше добрата стратешка поставеност на министерството, активност на сите колеги и нивна посветеност, ги даваат навистина добрите резултати, потенцираше дека таквиот тренд на позитивни резултати очекува да продолжи и понатаму.

Во делот за борбата против коруцијата, министерот Спасовски истакна дека можеби тоа е делот за кој треба многу повеќе да се зборува и да се презентираат резултатите во овој дел на работењето на министерството за внатрешни работи.

„Во борбата со корупцијата имаме зголемување на ефикасноста скоро за 50% ако ја споредиме 2021 година. Скоро 250 милиони денари е штетата којашто е направена во делот на корупцијата и тоа е показател не само дека институциите се свртени кон борбата со корупцијата, туку јакне и јавната свест на граѓаните коишто се охрабруваат и пријавуваат.“, потенцираше министерот Спасовски.

Тој истакна дека се менуваме сите ние заедно, сфаќаме дека корупцијата го јаде општеството, ги јаде новите работни места го јаде развојот итн..

Во делот за борбата со миграцијата министерот Спасовски го спомна договорот со Фронтекст, значаен прво договор кој го склучи Република Северна Македонија со Европската комисија и со тоа создаде трајна основа за заедничко справување со мигрантската криза.

И најважно во делот на миграцијата ќе го споменам само договорот со Фронтекс којшто е потпишан. Значаен прв договор, којшто го склучи Северна Македонија со Европската комисија од почетокот на преговорите и создаде трајна основа за заедничко справување со мигрантската криза.