Centar.mk
СВЕТ

Закана за бомба на централната автобуска станица во Москва

Безбедносните сили истражуваат анонимна закана за поставување бомба на централната автобуска станица во источниот дел на Москва, изјави денес претставник на московските служби за итни случаи.

„Примена е анонимна пријава за закана со бомба на централната автобуска станица“, изјави неименуван извор за „РИА новости“.

Според него, безбедносните сили биле испратени на автобуската постојка за да го истражат телефонскиот повик.

Лажни закани со бомби се упатуваат во разни руски градови од крајот на 2019 година.

Нивните цели се судови, трговски центри, метро-станици, авијациска и железничка инфраструктура, училишта и медицински установи./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Поранешен американски дипломат: Трамп му испрати ужасна порака на Зеленски

ДЕСК

Макрон: Европа никогаш не ги прекинала контактите со Москва

ДЕСК

Одмаздата на Путин пристигна: Брутален напад врз Украина

ДЕСК