8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Во пресрет на зимата Владата обезбеди храна и електрична енергија за подобри услови

Владата предводена од претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во пресрет на најтешката зима после Втора Светска војна обезбеди доволни количества на храна и електрична енергија за подобри услови за граѓаните и компаниите, соопшти владејачката партија.

Како што додаваат, во рамките на посетата на премиерот Ковачевски на Софија, договорено е дека од Бугарија во текот на зимата ќе купуваме поевтина струја за стопанството. Увозот ќе започне во последниот квартал од годината и ќе трае до 31 март.

„ Со ова се обезбедува електрична енергија за македонското стопанство под подобри услови од берзанските цени. Се формира работна група, која во наредните две недели ќе најде решение за капацитетите и транспортот на електрична енергија.

Државата предводена од СДСМ, од изолирана од меѓународната заедница и со нарушени односи со соседите сега гради регионална соработка, која е од исклучително значење за напредокот, но и за справување со последиците од економската и енергетската криза.

Во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“се потпиша договор, со кој ќе се избегне недостаток на основни прехранбени производи во државите членки, Албанија, Србија и Северна Македонија“ се наведува во соопштението.

Исто така се додава дека Договорот е гаранција дека ќе има доволно храна за граѓаните од сите три земји.

„ Со регионална соработка, со здружување и солидарност, СДСМ обезбедува непречено снабдување со храна и електрична енергиија за граѓаните и компаниите, во време на најголемата криза во поновата историја. СДСМ будно ја следи состојбата и презема навремени и ефикасни мерки за амортизирање на ударот на глобалната економска и енергетска криза“ порачуваат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Со мопед удрил во паркирано рено, младо момче повредено

ДЕСК

Министерот Тошковски на отворањето на Adria Security Summit 2025: Безбедноста е темел на довербата, развојот и квалитетот на живот

ДЕСК

Филипче: Власта создава економски хаос, над 700 милиони евра долг кон фирмите

ДЕСК